Питоми животни

 

Коњот  е голем копнен цицач кој се одликува со брзина, сила и издржливост. Коњите се членови на фамилијата Егуаида која ги вклучува и зебрите и магарињата . Како и сите еквиди, коњот е извонредно добро адаптиран на патувања на долги релации, преживувајќи со исхрана која се состои од треви. Коњот е социјално животно, формирајќи силни здруженија со членовите на своето стадо.
Влијанието на коњите на човечката историја и цивилизација ги прави едни од најважните домашни животни. Коњите биле припитомени во Евроазија пред околу 6,000 години. Тие низ историјата им служеле на луѓето во земјоделство, војните и спортот. Денес питомите коњи се распространети насекаде низ светот, со вкупна проценета популација од околу 60 милиони единки. Т.н. диви коњи, како оние на американскиот запад, се всушност слободни предци на домашните коњи кои не се припитомиле.
Дивите предци на денешните коњи еволуирале милиони години во Северна Америка. Тие се рашириле во другите делови од светот со патување на југ во Јужна Амаерика и со преминување на копнените мостови кои ја поврзувале Северна Америка со Европа и Азија за време на леденото доба. Коњите исчезнале од Северна и Јужна Америка во еден бран на изумирање кој се случил при крајот на плеистоценската епоха, пред околу 15,000 години. Тие не се забележани во Америка сѐ до 1494, кога италијанскиот истражувач Кристофер Колумбо ги транспортирал со бродови од Шпанија на неговото второ патување за Новиот свет.

 Овцата  спаѓа во редот парнокопитни, и во фамилијата  празнороги. Во светот постојат четириесетини раси на овци распространети низ целиот свет, освен на далечниот север. Голем број од овие раси произлегле од муфлонот. Ги има на ливадите и во прериите, на планинските пасишта и на фармите за добиток. Тежината и големината многу варираат од една од друга раса. Просечна овца е долга 1,50 метри и висока 90 cm. Тежината и се движи од 90 до 150 килограми. Може да се размножува штом ќе наполни една и пол година. По 150 дена од спарувањето, женката обично раѓа едно јагне. Доењето трае 4 месеци. Овцата е тревопасен преживар: зиме останува во трлото и се храни со сено и со зрнеста храна од житни растенија, напролет се напасува на пасишта. Во планинските предели сè уште се практикува летна преселба на стадата од пониски предели на бачила.


No comments:

Post a Comment

Поимот за животни

  Животни   ( науч.   Animalia ) —   многуклеточни   хетеротрофни   организми, од кои поголем дел минуваат одредени растојанија во потрага п...